Московската Патријаршија никогаш не го ратификувала таканаречениот Баламандски договор со католиците
 
 
 
 
 

Московската Патријаршија никогаш не го ратификувала таканаречениот Баламандски договор со католиците (06.05.2006)

„Документот подготвен во Баламанд не добил одобрение ниту потврда од поглаварството на Московската Патријаршија“, изјави во Москва поглаварот на Синодалната богословска Комисија на Московската Патријаршија, Митрополитот Мински и Белоруски г. Филарет.

 

Во публикациите во последно време, посветени на процесот на дијалог помеѓу Московската Патријаршија и Руската Задргранична Црква, некои од претставниците на РЗПЦ многупати укажуваа на документ којшто е разработен пред 13 години во Баламанд (Либан), како знак на губење на чистотата на верата во Руската Црква.  

 

Меѓутоа, според зборовите на авторитетниот Архиереј на Руската Православна Црква, договорот од Баламанд е само работен документ составен од мешовита православно-католичка комисија за богословски дијалог.

 

Затоа, за тврдењата околу „Баламандска унија со католиците“, коишто понекогаш се слушаат во кругот на РЗПЦ, Митрополитот рече дека „се засновани врз недоразбирање“, исто како и погрешните толкувања од последното десетлетие на 20 век за наводно подготвување на „унија со монофизитите“.

 

„Текстот беше само парафиран како работна верзија од лице без ополномоштеност за прифаќање на одговорни решенија од таа област“, изјави Владиката Филарет.

 

Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј Втори неодамна истакна дека во Руската Црква на Баламандскиот договор „никогаш не му се придавало догматско значење“. Поглаварот изрази жалење заради тоа што овој документ иако неодобрен од Синодот на РПЦ сепак беше искористен од страна на католиците за продолжување на нивната експанзија кон Исток и за ширење на унијатството.

 

известува: Интерфакс