Меѓународен фестивал на православна музика (06.05.2006)
Третиот меѓународен фестивал на православна музика „Света Богородица – Достојно Ест“ ќе се одржи од 2 до 6 јуни во бугарското одморалиште Поморје, под покровителство на Митрополитот Сливенски г. Јоаникиј. На тој фестивал што се одржува веќе трета година, хоровите ќе се натпреваруваат во три номинации: православни црковни хорови, источно-христијанско пеење и мешовити и еднородни хорови и вокални ансамбли. Учесниците на фестивалот исто така ќе ги разгледаат и главните проблеми на православната музика денес и прашањата околу нејзиното зачувување и ширење.
известува: www.patriarhia.ru