Постојана Конференција на Канонските Православни Епископи на Америка во соборниот храм на Свети Сава во Њујорк (10.05.2006)
Во вторникот на 2 мај 2006 година, Српската Православна Црква беше домаќин на годишната седница на Постојаната Конференција на Канонските Православни Епископи на Америка (SCOBA).
Постојаната Конференција на Канонските Православни Епископи на Америка ги собира Архиереите на сите канонски помесни православни Цркви на американско тло. На овогодишниот собир на православните Архиереи на Америка присуствуваа: Архиепископот на Грчката Православна Црква во Соединетите Американски Држави, г. Димитриј, Архиепископот на Романската Православна Црква во Америка, г. Николае, Архиепископот на канонската Украинска Православна Црква г. Антониј, Митрополитот на Српската Православна Црква за Средно-западна Америка, г. Христифор, Митрополитот на Бугарската Православна Црква во Америка, г. Јосиф, Епископот на Антиохиската Православна Црква во Америка, г. Василиј, претставникот на Православната Црква во Америка, протоерејот Давид Брум и генералниот секретар на Постојаната Конференција на Канонските Православни Епископи на Америка, Епископот Димитриј Ксантос.
Во работата на седницата учестуваа 25 члена. Архиереите беа запознаени дека конференцијата на сите православни Епископи во Америка ќе се одржи во периодот од 3 до 6 октомври 2006 година во Чикаго.
На седницата се зборуваше за заедничката мисионерска работа, канонското организирање и устројството на сите јурисдикции. На оваа тема Антиохискиот Епископ Василиј зборуваше за примерите и различните пракси и обичаи меѓу јурисдикциите, кои понекогаш негативно влијаат на целокупната мисија на Светата Црква.