Светогорските монаси ги повикуваат учесниците на Сезадграничниот Собор „да се надмине поделбата којашто и се противи на правдата Божја“
 
 
 
 
 

Светогорските монаси ги повикуваат учесниците на Сезадграничниот Собор „да се надмине поделбата којашто и се противи на правдата Божја“ (10.05.2006)

Сите светогорски манастири „еднодушно се зарадуваа“ дека Сезадаграничниот Собор „е подготвен да ја исполни волјата Божја за светата Руска Црква и да ја надмине поделбата којашто толку ѝ се противи на правдата Божја и на заповедите Христови“,

пишува во писмото упатено до Митрополитот Лавр и до делегатите на Соборот. Писмото, од името на Светиот кинот (највисок орган на управување на светогорското монаштво), го потпиша игуменот на рускиот манастир на свети Пантелејмон на Атос, архимандритот Еремија (Алехин).

„Тажната вистина се состои во тоа што светогорските манастири немаат евхаристиско општење со Руската Задгранична Црква“, се истакнува во посланието.

Поради тоа светогорците се надеваат дека „сега кога дури и световните причини за разделбата станаа минато“ верните на Задграничната Црква „ќе добијат канонски статус во составот на Руската Помесна Црква“ и ќе можат конечно „да станат причесници на единствената Чаша Христова“.


известува: Интерфакс