Турските националисти ја прекинаа проповедта на Цариградскиот патријарх
 
 
 
 
 

Турските националисти ја прекинаа проповедта на Цариградскиот патријарх (12.05.2006)

Во базиликата во градот Бергам националистите ја прекинаа проповедта на Цариградскиот патријарх. Со звуци на османски марш демонстрантите влегоа во храмот со барање Цариградскиот патријарх да ја прекине својата дејност во Турција и да се врати во Грција.

 

Согласно изворот, националистите планираат да соберат околу милион потписи за поддршка на кампањата за протерување на Цариградскиот патријарх од земјата. Европската унија повеќе пати досега има утврдено дека во Турција не се почитуваат религиозните слободи, а Владата на Турција го негира тоа.

 


Известува: Патриархиа.ру