Сезадграничниот собор со мнозинство гласови се изјасни за соединување со Московската Патријаршија (12.05.2006)
Делегатите на IV Сезадграничен собор со мнозинство гласови донесоа резолуција во којашто е искажана нивната решеност за обединувањето на Руската Црква, а и надежта дека единството на Руската Црква ќе биде воспоставено во погодно време. Така ќе биде овозможено заедничкото служење и причестувањето од истата Чаша. Делегатите на соборот веруваат дека на „идниот Помесен Собор на обединетата Руска Црква“ заеднички ќе се разрешат спорните прашања.