Принцот од Велс Чарлс повторно на поклоничко патување на Света Гора
 
 
 
 
 

Принцот од Велс Чарлс повторно на поклоничко патување на Света Гора (14.05.2006)


На 11 мај 2006 година, принцот од Велс Чарлс пристигна во северна Грција со цел да ги посети манастирите на Света Гора. По доаѓањето на Света Гора принцот Чарлс по посетата на неколку манастири се задржа три дена во манастирот Ватопед.

Принцот Чарлс и неговиот татко Филип Единбуршки се членови на здружението „Пријатели на Атос“, кое што ги поддржува сите 20 светогорски манастири.

Принцот Филип Единбуршки му припаѓа на грчкото кралско семејство и до стапувањето во брак со кралицата на Велика Бријатнија, Елизабета II, бил православен по вероисповед.  


Известува:
Седмица.ру