Во Русија
 
 
 
 
 

Во Русија (16.05.2006)

Нова црква, посветена на свети Николај Чудотворец беше осветена во затворот со строг режим во градот Чусовој, во Пермскиот крај на Русија.

Црквата има пет куполи. Изградена е од дрво во традиционалниот древен руски стил. Од самиот почеток црквата е целосно изградена од затворениците: тие ги положиле основите, ги сечеле дрвата, ги бојадисале куполите. Голем дел од иконите исто така се дело на затворениците. Средствата за црквата се собрани од осудените и нивните блиски со поддршка на административната служба на затворот. Оваа црква е 13 затворенички храм во Пермскиот крај. Иницијативата за изградбата е на затворениците и на началникот на затворот. Камен темелникот на црквата е положен на 5 мај 2005 година.

 

известува: Интерфакс