Во Волгоград се појави прва православна подвижна црква (17.05.2006)
По нарачка на Волгоградската епархија локалните специјалисти проектираа прва подвижна православна црква посветена на Покровот на Пресвета Богородица. Таа ќе биде осветена во текот на оваа недела.
Потребни се три часа и тројца луѓе за од поедините блокови да се оформи црквата заедно со куполата и со крстот на неа. Просторот на црквата може да собере 120 луѓе. Во црквата постои олтар, наос и нартекс.
известува: Интерфакс