Кипарска Православна Црква
 
 
 
 
 

Кипарска Православна Црква (18.05.2006)

Архиепископ ХризостомСветиот Синод на Кипарската Православна Црква изјави дека сегашниот Архиепископ на Кипар, Хризостом не може веќе да ги исполнува своите обврски бидејќи боледува од Алцгејмерова болест. Ова мислење го поддржува мнозинството од членовите на Синодот. Според кипарските црковни закони изборот за нов Архиепископ на Кипар се одржува 6 месеци по прифаќањето на одлуката од страна на Светиот Синод. На списокот на потенцијалните кандидати за архиепископскиот престол се наоѓаат: Митрополитот Пафоски Хризостом, Митрополитот Кикски Никифор и Митрополитот Лимасолски Атанасиј. Откако сегашниот Поглавар се разболе, неговите обврски ги презема Митрополитот Пафоски Хризостом.

Известува: Седмица.ру