Во Кипарската Православна Црква се очекуваат избори за нов Поглавар
 
 
 
 
 

Во Кипарската Православна Црква се очекуваат избори за нов Поглавар (20.05.2006)

На „големиот собор“ којшто деновиве се одржа во Женева (Швајцарија), Архиереите на Кипарската Православна Црква решија дека престолот на Кипарскиот Архиепископ е слободен. Сега можат да почнат изборите за нов Поглавар на Кипарската Црква. Веќе 4 години сегашниот Архиепископ Хризостом е тешко болен и не може веќе да ги извршува своите должности. Меѓу членовите на Синодот на Кипарската Црква беше настанал конфликт бидејќи некои од Архиереите сметаа дека е неопходно да се избере нов Поглавар, а некои дека правилата на Црквата допуштаат избори за нов Патријарх само по смртта на неговиот претходник. Двете страни во конфликтот беа присилени да се обратат на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј под чиешто претседавање се одржа ’големиот собор’ во Женева. На седницата учествуваа четворица Патријарси: Константинополскиот Патријарх Вартоломеј, Антиохискиот Патријарх Игнатиј, Александрискиот Патријарх Теодор, Ерусалимскиот Патријарх Теофил III, и осуманесет Архиереи. За да се ослободи Архиепископскиот престол на Кипар гласаа 15 учесници, а 7 беа против. Против сменувањето на Архиепископот Хризостом истапија неколкумина кипарски Архиереи и Антиохискиот Патријарх Игнатиј.
 

известува: www.orthodoxie.org