Изложени мошти на свети Николај Чудотворец кои ќе се чуваат во соборниот храм во Минск
 
 
 
 
 

Изложени мошти на свети Николај Чудотворец кои ќе се чуваат во соборниот храм во Минск (23.05.2006)



На празникот на преносот на моштите на свети Николај Чудотворец, во соборниот Свето-Духовски храм во Минск, за прв пат беше изложена честица од моштите на свети Николај, за поклонение на верните.

Во февруари оваа година Митрополитот Мински и Слутски Филарет, патријаршиски Егзарх за цела Белорусија, замина на поклонение со група свештеници, мирјани и богослови посетувајќи ги градовите Бари (Италија) и Фрибург (Швајцарија) кадешто се чуваат моштите на светителот Николај. На молба на Митрополитот, Фрибурската диецеза му предаде на Неговото Високопреосвештенство честица од моштите на свети Николај, кои отсега ќе се чуваат во главниот град во Белорусија.

 

известува: официјалниот сајт на Руската Православна Црква