50 грузиски муслимани примија Свето Крштение во Батуми (Грузија) (29.05.2006)
50 грузиски муслимани беа крстени во Батуми во исто време и станаа православни христијани. Најмалиот од покрстените имаше 4 години, а најстариот 70. Крштението го изврши Архиерејот на Грузиската Православна Црква, Епископот Батумски и Схалтски г. Димитриј.
За време на тривековната окупација на Аџарија од страна на Турците, скоро сите аџарски Грузијци беа исламизирани. Тенденцијата на враќање на христијанството доби очигледна форма во почетокот на 90-те години. Во почетокот на 21 век соодносот на христијани и муслимани во Аџарија беше 50:50. Во последните години христијанизацијата на локалните муслимани станува сѐ поактивна.
Известува: Патриархиа.ру