Десницата на свети Јован Крстител ќе биде донесена во Русија од Црна Гора на 7 јуни
 
 
 
 
 

Десницата на свети Јован Крстител ќе биде донесена во Русија од Црна Гора на 7 јуни (31.05.2006)

Десницата на свети Јован Крстител, ќе биде во Русија од 7 јуни до 16 јули 2006 година. На ковчегот со раката која што свети Јован Предвесник ја положи на главата на Спасителот во моментот на Неговото Крштение во реката Јордан, ќе се поклонат и жителите на Украина и Белорусија. Моштите ќе бидат во Москва, Сан Петербург, Нижни Новгород, Саратов, Ростов-на-Дон, Владикавказ, Екатеринбург, Челабинск, Чебоксари, Киев и Минск.

 

Десницата на пророкот и Крстител Јован девет века се наоѓала во Антиохија, кадешто според преданието била донесена од светиот апостол и евангелист Лука. Била и во Ерусалим, на островот Родос, на Малта и во Австрија. Во 1799 година била пренесена во главниот град на Руската империја, Сан-Петербург, кадешто со голема побожност била чувана стотина години. После револуцијата 1917 година десницата била изнесена од Русија и се наоѓала во различни градови на Европа. Потоа моштите на пророкот биле предадени на кралот на Југославија Александар Караѓорѓевиќ.

 

известува: Православие.ру