Митрополитот Смоленски и Калиниградски г. Кирил се сретна со Ерусалимскиот Патријарх
 
 
 
 
 

Митрополитот Смоленски и Калиниградски г. Кирил се сретна со Ерусалимскиот Патријарх (05.06.2006)

На 5 јуни 2006 година, Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил од Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија со Поглаварот на Ерусалимската Црква Патријархот Теофил ги разгледа прашањата околу православното присуство во Светата земја, а исто така и околу меѓусебните односи на двете Цркви. Средбата се одржа во минатата сабота во рамките на посетата на Митрополитот Кирил на Светата земја. Исто така Митрополитот Кирил учествуваше во празнувањето 110 години од рускиот александриски метох во Ерусалим, којшто после реконструкцијата беше отворен за редовно богослужење.

 

известува: Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија