Ерусалимскиот Патријарх Теофил во посета на Грција
 
 
 
 
 

Ерусалимскиот Патријарх Теофил во посета на Грција (07.06.2006)

Во рамките на својата неофицијалната посета на Грција, на 5 јуни 2006 година, Ерусалимскиот Патријарх Теофил оствари средба со Архиепископот Атински и на цела Грција Христодул во архиепископската резиденција во Атина. Двајцата Поглавари разговараа за односите на двете Цркви и на други поопшти црковни теми. Пред десеттина дена Архиепископот Христодул имаше средба и со Патријархот Александриски Теодор, којшто и го покани на осветувањето на реновираната патријаршиска резиденција во Каиро.

 

известува: RNN