Московската Патријашија учествува во дискусиите за односите помеѓу Русија и Европската Унија (10.06.2006)
На 7 јуни 2006 година во Европскиот Парламент во Брисел, во рамките на презентацијата на експертскиот извештај, се одржа дискусија на тема „Политичкиот и економскиот вектор на развој на Русија“. Во средиштето на дискусијата беа темите за енергетската безбедност, преемството на власта, двостраните односи на Русија со Европска Унија, како и европскиот идентитет на Русија. Во дискусиите учествуваше секретарот на претставништвото на Руската Православна Црква при европските меѓународни организации.
Известува: Патриархиа.ру