Московската Патријаршија предаде честици од моштите на свети Арсениј на Грчката Православна Црква
 
 
 
 
 

Московската Патријаршија предаде честици од моштите на свети Арсениј на Грчката Православна Црква (10.06.2006)

На 8 јуни 2006 година во долниот, Преображенски храм на соборниот храм на Христа Спасителот во Москва, се одржа средба на патријархот Алексиј II со делегацијата на Грчката Православна Црква, предводена од Митрополитите Еласонски г. Василиј и Тесалиски и Фанариоферсалски г. Кирил. Гостите му го предадоа на патријархот Алексиј посланието од Архиепископот Атински Христодул и исто така му подарија икона на светителот Арсениј, иконописана од зографи на Грчката Православна Црква. Потоа, поглаварот на Руската Православна Црква на Митрополитот Василиј му предаде честици од светите мошти на светителот Арсениј Еласонски, епископот Суздалски, родум од Грција.

 

Свети Арсениј бил хиротонисан за Епископ Еласонски од страна на цариградскиот патријарх Еремиј (Траносом) во 16 век. Во Русија тој дошол во 1586 година, пратен од патријархот да му се заблагодари на московскиот цар Теодор за штедрата помош дадена на Цариградската Патријаршија. Овде, во 1589 година тој земал активно учество во организирањето на Патријаршијата во Русија и во востоличувањето на првиот патријарх Московски и на цела Русија Јов. Останал да живее во Русија и служел во Архангелскиот храм на московскиот Кремљ. Подоцна Арсениј управувал со Тверската епархија, а потоа со Суздалската.

 

 

         

 

известува: Патриархиа.ру