Загреб
 
 
 
 
 

Загреб (17.06.2006)

На 8 јуни во хрватската престолнина Загреб се одржа свечено отворање на возобновениот музеј на Српската Православна Црква. На отворањето на музејот Митрополитот Загрепско-љубљански Јован (Павловиќ) им се обрати на собраните со поздравно слово. Свое обраќање на свеченоста на отворањето имаше и министерот за култура на Хрватска и претседател на Комисијата за односи со Црквите во Владата на Р. Хрватска, г-дин Божо Бишкупиќ.

Тој истакна дека отворањето музеј на Српската Православна Црква претставува голем настан за културата на Хрватска, а експонатите на музејот имаат огромна културно-историска вредност. Додека, градоначалникот на градот Загреб, г-дин Милан Бандиќ, рече дека музејот на Српската Православна Црква мора да биде достапен за максимален број на луѓе. За музејот на Српската Православна Црква беше опремена нова зграда.

известува: Патриархиа.ру