Поглаварот на Руската Црква се сретна со Архиепископот Берлински и Германски Марк (Руска Задгранична Православна Црква) и Епископот Ставрополски и Владикавкаски Теофан (РПЦ)
 
 
 
 
 

Поглаварот на Руската Црква се сретна со Архиепископот Берлински и Германски Марк (Руска Задгранична Православна Црква) и Епископот Ставрополски и Владикавкаски Теофан (РПЦ) (21.06.2006)

На 20 јуни 2006 година, во патријаршиската работна резиденција рускиот Патријарх Алексиј II го прими Аархиепископот Берлински и Германски Марк (РЗПЦ) и Епископот Ставрополски и Владикавкаски Теофан.

Епископот Теофан и Архиепископот Марк му соопштија на поглаварот на Руската Православна Црква за завршетокот на изградбата на рехабилитациониот центар за жртвите на терористичкиот напад во Беслан, подигнат на темелите на Богојавленскиот женски манастир во Северна Осетија. Медицинскиот центар е создаден во рамките на спогодбата за соработка на Ставрополската и Владикавкаската епархија на Руската Православна Црква со Берлинската и Германската епархија на Руската Задгранична Црква, потпишана на 10 март 2005 година.

Архиепископот Марк го информира патријархот Алексиј за резултатите на IV Сезадграничен собор во Сан-Франциско одржан од 7 до 14 мај 2006 година.

известува: Одделот за надворешни работи на РПЦ