Свечености посветени на свети апостол Павле во Атина
 
 
 
 
 

Свечености посветени на свети апостол Павле во Атина (25.06.2006)



Од 27 јуни до 2 јули оваа година во грчкиот главен град ќе бидат одржани свечености по повод празнувањето на светиот апостол Павле. Поглаварот на Грчката Православна Црква, г. Христодул, упати покани до други помесни православни Цркви да земат учество на свеченостите. При своите проповеднички патувања светиот апостол Павле ја посетил и Атина. Тој им проповедал на нејзините жители во Ареопагот. Денес ова место е една од знаменитостите на грчкиот главен град.