Комисиите на Московската Патријаршија и Руската Задгранична Црква се договорија околу сите прашања од Актот за востановување на канонско општење
 
 
 
 
 

Комисиите на Московската Патријаршија и Руската Задгранична Црква се договорија околу сите прашања од Актот за востановување на канонско општење (01.07.2006)

Комисиите за преговори на Московската Патријаршија и Руската Задгранична Црква постигнаа општи решенија околу сите прашања од Актот за востановување на канонско општење кој ги одредува основните параметри на новиот статус на Руската Задгранична Православна Црква (РЗПЦ) како самоуправен дел на едната Руска Црква.

 

Како што соопшти секретарот на Комисијата на Московската Патријаршија, протоерејот Николај Балашов, таков е резултатот од тридневната средба на Комисиите која заврши во среда во Москва.

 

„Понатамошните чекори на патот за востановување на црковно единство беа предмет на разгледување на Комисиите“, рече о. Николај.

 

Според неговите зборови, Комисиите ги проучија предлозите на архиерејскиот собор на РЗПЦ кои се однесуваат на доработувањето на проектот на Актот за канонско општење којшто во целина беше одобрен од соборот.

 

„За оние членови во Актот кои требаа да се прецизираат, постигнати се општи решенија одобрени од Комисиите и ќе се изнесат на разгледување пред Синодите“, соопшти о. Николај.

 

Конечно, утврдувањето на Актот од Синодите во Москва и Њујорк ќе означуваат востановување на канонско единство и евхаристиско (литугиско) општење меѓу Црквата во Русија и делот на руската црковна дијаспора одделен од неа пред 80 години.

 

 Заседанието на Светиот Синод на Руската Православна Црква, како што се очекува, ќе го разгледа обновениот проект во јули, а Синодот на Задграничната Црква веројатно ќе се состане во Њујорк во септември.

 

Отец Николај не ја исклучува можноста дека на Комисиите им претстојат уште средби заради разгледување на детали пред конечното утврдување на Актот, но исто така изјави: „Имам впечаток дека процесот на дијалог со Задграничната Црква се ближи кон успешното завршување. Главниот дел на патот веќе е поминат“.

 


Известува:
Седмица.ру