Реставрација на Синајскиот мозаик „Преображение Христово”
 
 
 
 
 

Реставрација на Синајскиот мозаик „Преображение Христово” (09.07.2006)

Една од најубавите ранохристијански уметнички творби, мозаикот со Христовото преображение од куполата во олтарот на соборниот храм во манастирот на Св. Екатерина во Синај ќе биде реставриран до крајот на годината. Мозаикот од 6-7 век многу пострада од земјотресите во регионот и од неблагопријатните климатски услови и затоа постоеше сериозен ризик да биде уништено скапоцено ранохристијанско ремек-дело. На неговата реставрација ќе работи Центарот за заштита на старите споменици во Рим. Тој ќе биде вратен во манастирот во декември, за чествувањата на храмовиот празник на обителта на Св. Екатерина.

 

известува: www.dveribg.net