Во Грција изминаа свеченостите посветени на апостолот Павле
 
 
 
 
 

Во Грција изминаа свеченостите посветени на апостолот Павле (10.07.2006)

На 28 и 29 јуни 2006 год. во Грција се одржаа свечености посветени на апостол Павле кој се смета за основател на Грчката Православна Црква бидејќи тој проповедал во грчките градови Солун, Берија, Атина, Коринт за што се зборува во 17 и 18 глава на Делата апостолски.

 

По покана на Неговото Блаженство, Архиепископот Атински и на цела Грција Христодул, во свеченостите учествуваа претставници на помесните Православни Цркви: Митрополитот Воронежски и Борисоглебски Сергиј (Руска Православна Црква), Митрополитот Леонтополски Дионисиј (Александриска Православна Црква), Митрополитот Тирски и Сидонски Илија и Епископот Сиднајски Лука (Антиохиска Православна Црква), Епископот Гераски Теофан (Ерусалимска Православна Црква), Митрополитот Бачки Иринеј (Српска Православна Црква), местоблустителот на архиепископскиот престол на Кипарската Православна Црква, Митрополитот на Паф Хризостом, Митрополитот Врачански Калиник (Бугарска Православна Црква), Митрополитот Олтениски Теофан и Епископот Плоештиски Викентиј (Романска Православна Црква), Епископот Белски Григориј (Полска Православна Црква), Епископот Ахалциски Теодор (Грузиска Православна Црква), Митрополитот Бератски, Авлонски и Канински Игнатиј (Албанска Православна Црква), архимандритот Алексиј (Православна Црква на Чешка и Словачка).

 

 

Свеченостите започнаа на 28 јуни со свечена Вечерна во атинскиот храм на светиот апостол Павле. Вечерната служба ја отслужи Архиепископот Атински Христодул со поканетите претставници на помесните Православни Цркви. По завршетокот на Вечерната во името на Светиот Синод на Грчката Православна Црква се одржа официјален прием на кој Архиепископот Христодул ги поздрави гостите и во името на Светиот Синод им даде спомен-подароци по повод празникот на светиот апостол Павле. На 29 јуни Архиепископот Христодул во сослужение со претставниците на помесните Православни Цркви отслужи Божествена Литургија во соборната црква во Атина. По завршетокот на Литургијата беше приреден официјален ручек во православниот центар на Грчката Православна Црква, во манастирот Пендели. Во таа прилика претставниците на Помесните Православни Цркви во име на своите Поглавари го поздравија Архиепископот Христодул и му го честитаа денот на основателот на Грчката Православна Црква – светиот апостол Павле.

Вечерта, Архиепископот Христодул отслужи Вечерна на местото на проповедта на апостолот Павле во Ареопагот (Дела 17,16-34). Свечената Вечерна со многубројни верни ја пренесуваше грчката телевизија.

По завршетокот на свеченостите претставниците на помесните Православни Цркви ја посетија Метеорската митрополија на Грчката Православна Црква. Исто така гостите го посетија и Атинскиот Акропол и националниот музеј Бенаки.

 

Известува: Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија