Осветување на нова црква во Смолјан (Бугарија) (11.07.2006)
На 2 јули 2006 година во бугарскиот град Смолјан беше осветен новиот православен храм во чест на преподобниот Висарион Смолјански, кој собира околу 600 луѓе и е со површина од 1600 м2. Камбанаријата е висока 30 метри, а основната купола 25 метри. Храмот е втор по големина, по соборниот храм на светиот благоверен кнез Александар Невски во Софија.
Храмот е изграден со средства на дарители. Единаесетте камбани и полиелеите за храмот се произведени во Русија.
Митрополитот Пловдивски Арсениј го освети престолот, a потоа отслужи Божествена Литургија во сослужение со Митрополитот Русенски Неофит и Митрополитот Ловчански Гаврил, главниот секретар на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква архимандритот Наум, настојателот на метохот на Руската Православна Црква во Софија протоерејот Александар и свештенството од Пловдивската епархија.
Меѓу многубројниот верен народ на богослужбата присуствуваше и премиерот на Бугарија г-дин С. Станишев и други јавни личности.
Свети Висарион Смолјански бил убиен ѕверски од Турците во 17 век. Во 1987 година е канонизиран за Светител од страна на Бугарската Православна Црква.