Русија
 
 
 
 
 

Русија (17.07.2006)

Ноќта на 16 спроти 17 јули 2006 год., православна Русија повторно го спомнуваше трагичниот настан на убивањето на светите царски маченици во Екатеринбург. Веќе неколку години по ред во оваа ноќ во храмот подигнат на местото на нивното стрелање, се одржува сеноќно бдение и Божествена Литургија на кои се собира голем број на поклоници од цела Русија. Оваа година со службата чиноначалствуваше Архиепископот Екатеринбургски и Верхотурски Викентиј во сослужение на Архиереј на Ерусалимската Православна Црква, Митрополитот Востренски Тимотеј, којшто во Екатеринбург донесе честица на Животворниот Крст Господов. Богослужењето беше пренесувано и надвор, бидејќи храмот сместува мал број поклоници. Имаше и директен пренос на телевизија и радио. По завршетокот на службата, околу 6 часот наутро од храмот тргна Литија до Гањина јама, местото кадешто беа уништени останките на царското семејство и кадешто е подигнат манастир во чест на светите царски маченици. „Царските денови“ во 2005 година собраа околу 10000 учесници, а оваа година на литијата од 20 километри пројдоа околу 15000 мештани и поклоници. Во манастирот, кадешто се одржа молебен и Божествена Литургија, дојдоа околу 10 часот наутро. Богослужбите во чест на светите царски маченици во храмот во Екатеринбург и во манастирот во Гањина јама на 17 јули се одржуваа непрестајно во текот на денот.

Литии и богослужби во чест на царските маченици се одржуваа и во Киев, Симферопол и други градови во Русија.        


Известува:
http://www.patriarhia.ru/db/text/126446.html