Светиот Синод на Руската Православна Црква донесе одлука за хиротонија на пет нови епископи (21.07.2006)
Под претседателство на рускиот патријарх Алексиј, Светиот Синод на Руската Православна Црква донесе решение за избор на пет нови епископи.
За епископ Кемеровски и Новокузњетски ќе биде хиротонисан игуменот на Сергеевска лавра на Света Троица, Архистарх. За епископ Магнитогорски и викар на Челабинска епархија ќе биде хиротонисан игуменот Теофилакт. За епископ Даугавпилски и викар на Рижска епархија - сегашниот игумен Александар. Синодот реши да го избере за епископ Петергорски и викар на Санкт-Петербургската епархија архимандритот Маркел. Во Московската епархија ќе се појави уште еден викарен архиереј: настојателот на Вознесенскo-Давидовата пустина архимандритот Роман, со титула епископ Серпуховски.
известува: Patriarhia.ru