Поглаварот на Руската Црква се надева дека ќе оствари евхаристиска заедница со Руската Задгранична Црква до крајот на годината
 
 
 
 
 

Поглаварот на Руската Црква се надева дека ќе оствари евхаристиска заедница со Руската Задгранична Црква до крајот на годината (25.07.2006)

Патријархот Алексиј рече дека веќе се направени големи чекори за постигнување на единство. „Минатата година ни гостуваше официјална делегација на Руската Задгранична Црква предводена од нивниот поглавар Митрополитот Лавр, којашто присуствуваше на три патријаршиски богослужби“, рече Патријархот. „Зборувајќи дека треба да постигнеме молитвена и евхаристиска заедница, сметам дека молитвената заедница е веќе постигната.“

Рускиот Патријарх исто така изрази надеж дека „е можно на крајот на годината да се одржи заедничка богослужба овде кај нас во Успенскиот храм на московскиот Кремљ, како главен храм на Руската Православна Црква, а потоа и богослужба со сите гости свештенослужители и Архиереи во храмот на Христа Спасителот“.

„Ние треба да се обединиме околу Чашата Христова и заедно да го исполнуваме своето служење. И мора да се обединиме и да го исполнуваме заедничкото дело – да му служиме на својот народ“, заклучи Патријархот.

 

известува: Patriarhia.ru