Археолозите открија древно византиско пристаниште на азискиот брег на Цариград
 
 
 
 
 

Археолозите открија древно византиско пристаниште на азискиот брег на Цариград (25.07.2006)

Древното пристаниште откриено во ноември мината година во реонот Јеникап е со голема територија којашто дури сега започнува да се оцртува. Археолозите го нарекоа „Пристаниште Теодосиј“ според императорот римски и византиски Теодосиј Велики, кој се упокоил во 395 год.  Инженерите кои работеле на проект за тунел на метрото во Истанбул кој ќе поминува под Босфор, биле изненадени кога наишле на руините. Но, архиелозите знаеле од стари документи дека најстарото пристаниште на Византија се наоѓало во тој реон. Седумнаесет археолози, тројца архитекти и околу 350 работници на објектот откриле нешто што според нив е црква, порта кон градот и осум потонати кораби. Овие последните според истражувачите се „алката што недостасуваше“ во историјата на бродоградбата, поради мешањето на стара и нова технологија при нивното постројство.     

 

известува: www.dveribg.net