Европскиот комесар г-дин Маркос Киприану во посета на Света Гора
 
 
 
 
 

Европскиот комесар г-дин Маркос Киприану во посета на Света Гора (28.07.2006)

Комесарот во Сенатот на Европската Унија одговорен за здравство и за заштита на потрошувачите, г-динот Маркос Кипријану, во рамките на четиридневната посета на северна Грција, во средата пристигна на Света Гора. Г-динот Кипријану присуствуваше на богослужбата, а потоа и на традиционалната трпеза во просториите на светата обител и разговараше со настојателот о. Варнава. Европскиот комесар го изрази своето задоволство поради правилната употреба на европскиот капитал наменет за изградба и поправање на манастирот, како и поради брзото реализирање на овој зафат. Ова е прв пат еден член на Европската Комисија да ја посети светата Заедница. Г-дин Кипријану во средата престојуваше во манастирот Ватопед, а во четвртокот го посети Дионисијатскиот манастир и замина за Солун и Берија.

 

известува: Ana-mpa.gr