Грчкиот премиер во официјална посета на Света Гора (29.07.2006)
Костас Караманлис за првпат официјално ја посети Света Гора во својство на премиер на грчката Влада заедно со други високи грчки функционери. Светата Заедница му приреди срдечен пречек во Кареа, достоен за шеф на држава. Во Протатот премиерот се сретна со игумените на светогорските манастири. При својата дводневна посета грчкиот премиер ги посети трите најзначајни манастири на Заедницата: Големата Лавра, Ватопед и Ивирон.
Во меморандумот што му беше врачен на премиерот од името на светата Заедница од страна на игуменот на Симонопетра, о. Елисеј, монасите ја нагласија потребата да се запази изворниот светогорски начин на живот со заштита на со устав предвидениот режим на самоуправа, заштита на светињите како и гаранција на безбедноста на светата Заедница. Што се однесува до финансирањето на манастирите, Заедницата изрази најтопла благодарност за продолжувањето на „Атонската програма“ и го замоли премиерот за понатамошна помош и поддршка. Премиерот Караманлис вети дека Владата ќе ги исполни барањата на Заедницата по сите точки од меморандумот. Со денешната посета на манастирот Ивирон, завршува официјалната програма на посетата на грчкиот премиер.
известува: ERT.gr