Цариградскиот патријарх Вартоломеј во посета на егејските острови
 
 
 
 
 

Цариградскиот патријарх Вартоломеј во посета на егејските острови (17.08.2006)

Цариградскиот патријарх Вартоломеј вчера пристигна на аеродромот на островот Самос, продолжувајќи го своето патување низ грчките острови. Тука се сретна со грчкиот архиепископ Христодул. Ова е прва официјална посета на патријархот Вартоломеј на источните егејски острови. Претходно тој го посети островот Лесбос во Егејското море. За време на оваа посета на овој остров тој постави камен темелник на идниот манастир посветен на пророкот Илија.

 

Известува: Екатимерини