Реставрација на Александриската патријаршиска библиотека
 
 
 
 
 

Реставрација на Александриската патријаршиска библиотека (19.08.2006)

Александрискиот патријарх Теодор ја опиша како „големо доброчинство“ одлуката на Националната банка на Грција да ги покрие трошоците за довршувањето на патријаршиската библиотека во која се чува еден од најзначајните делови на историјата на Православната Црква на Африка.

Во своето писмо до гувернерот на банката г-динот Такис Арапоглу, патријархот Теодор ја изразува својата благодарност до Националната банка на Грција бидејќи со нејзина помош мноштвото книги и ракописи, кои се скапоцености од светски размери, конечно ќе се чуваат во библиотека.

Реставрацијата на зградата на патријаршиската библиотека во Александрија треба наскоро да почне. За оваа цел патријархот Теодор пред неколку дена имаше средби со гувернерот на Националната банка на Грција во Каиро Евагелос Каралекас и со изведувачот на проектот Мими Ауад. Библиотеката ќе биде завршена за време од една година.

Известува: ERT.gr