Цариградскиот патријарх Вартоломеј ја заврши посетата на островите Лезбос и Самос
 
 
 
 
 

Цариградскиот патријарх Вартоломеј ја заврши посетата на островите Лезбос и Самос (24.08.2006)

Цариградскиот патријарх Вартоломеј во неделата на 20 август ја заврши својата пастирска посета на грчките острови Лезбос и Самос. На Самос патријархот се сретна со поглаварот на Грчката Православна Црква, Архиепископот Христодул.

Епархиите на Самос и Лезбос спаѓаат во 35-те епархии на таканаречените „Нови земји“. Пред извесно време меѓу Грчката Црква и Цариградската Патријаршија се јавија несогласувања во врска со назначувањето Митрополити за трите епархии на Северна Грција. Тогаш компромисот не можеше да се постигне без вмешување на грчката световна власт, особено на Министерството за образование и вероисповед.

Архиепископот Христодул срдечно го прими високиот гостин од Цариград.

„Јас пристигнав на овој прекрасен остров за да го пречекам официјално Неговата Светост Цариградскиот патријарх. Го сметав тоа за свој долг“, изјави Архиепископот.

Архиереите на Самос имаа кратка средба којашто би требало да биде продолжена при октомвриската посета на патријархот Вартоломеј на Атина.

Во неделата вечерта патријархот замина од Самос за Цариград. Тој вети во најблиска иднина да ги посети и грчките острови Фурна и Икарија. Посетата беше испланирана за деновиве, но не можеше да биде остварена заради лошите временски прилики.

 

 

известува: Pravoslavie.ru