Митрополитот Лавр во посета на рускиот храм на Света Троица и Мисијата на Московската Патријаршија во Ерусалим
 
 
 
 
 

Митрополитот Лавр во посета на рускиот храм на Света Троица и Мисијата на Московската Патријаршија во Ерусалим (03.09.2006)

На денот на празникот на Успението на Пресвета Богородица, Митрополитот Источно-американски и Њујоршки Лавр, во придружба на делегација на Руската Задгранична Црква, меѓу кои и Архиепископот Марк, кој е набљудувач на работата на Руската Духовна Мисија во Ерусалим, го посети рускиот Троицки соборен храм во Светиот град.

Домаќинот на делегацијата, началникот на Руската Духовна Мисија архимандритот Елисеј, во своето поздравно слово ја нарече посетата на Троицкиот храм знак на единство меѓу чедата на двата дела на Руската Православна Црква. Архимандритот Елисеј ја изрази својата надеж дека молитвата што на овој голем празник Митрополитот Лавр ја принесе во светињата на храмот ќе ги приведе сите руски православни до целосно молитвено-евхаристиско единство.

Во текот на беседата, архимандритот Елисеј ги запозна високите достоинственици на Руската Задгранична Црква со дејноста на Руската Духовна Мисија во Светата земја.

 

Извор: patriarchia.ru