Одбележана 45-годишнината од архиерејската хиротонија на рускиот Патријарх Алексиј
 
 
 
 
 

Одбележана 45-годишнината од архиерејската хиротонија на рускиот Патријарх Алексиј (05-09-2006)

На 3 септември 2006 година, во храмот на Христа Спасителот, во салата за црковни собори се одржа свечен концерт во чест на 45-годишнината од архиерејската хиротонија на рускиот Патријарх Алексеј II. Пред почетокот на концертот, присутните имаа можност да го видат фото-филмот „Преемникот на Руските првосветители“, снимен специјално по овој повод.

Поглаварот на Руската Православна Црква прими честитки од претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, кој во своето поздравно слово го истакна големиот личен придонес на првосветителот во преродбата на духовните традиции, возобновувањето на православни храмови, духовно-моралното оздравување на руското општество, како и во процесот на зближување меѓу Московската Патријаршија и Руската Задгранична Црква.

Од името на руското свештенство, Митрополитот Крутицки и Коломенски Јувеналиј му го честиташе јубилејот на својот поглавар, дарувајќи му копија од чудотворната Владимирска икона на Божјата Мајка. Соработниците на Московската Патријаршија исто така му се обратија на патријархот со пригодно слово, при што му подарија икони на Пресвета Богородица „Ненадејна Радост“ и на покровителот на Москва, светиот великомаченик Георгиј Победоносецот. Неговата Светост Алексиј прими бројни честитки и од други високи претставници на Црквата и државата.

Топло благодарејќи им на сите за честитките и помошта во извршувањето на првопастирското служење, Патријархот Алексеј повика на молитва за сите пострадани во трагичните настани во 2004 година во Беслан.

 

 

 

                 

 

 

 

             

 

Извор: patriarchia.ru