Рускиот Патријарх Алексиј ги дочека светогорските светињи
 
 
 
 
 

Рускиот Патријарх Алексиј ги дочека светогорските светињи (05.09.2006)

На 2 септември 2006 год., честичка од животворниот Крст Господов, честичка од раката на светата рамноапостолна Марија Магдалена и честичка од моштите на светиот маченик Кирик беа донесени од игуменот на манастирот Симонопетра, Елисеј, во московскиот храм на Христа Спасителот, кадешто ги дочека Рускиот Патријарх Алексиј II. Потоа Неговата Светост, во сослужение со мноштво архиереи на Руската Православна Црква, отслужи сеноќно бдение. Во истиот храм, на 3 септември, на денот на 45-годишнината од својата архиерејска хиротонија, Патријархот Алексиј отслужи и Божествена Литургија.

Атонските свети мошти ќе бидат изложени на поклонение во храмот на Христа Спасителот до 13 септември, а потоа верните ќе можат да ги чествуваат и во следните руски градови: Санкт-Петербург, Тјумењ, Омск, Новосибирск, Оренбург, Курск, Краснодар.

 

 

 

      

 

 

 

 

                                                 

 

 

 

Извор: patriarchia.ru