Критската Црква со нов претстојател (05.09.2006)
Митрополитот Кидонски и Апокоронски Иринеј стана нов претстојател на Критската Црква, која спаѓа под јурисдикција на Цариградската Патријаршија. Архиепископскиот Синод на 30 август едногласно го избра Владиката Иринеј за преемник на неодамна упокоениот Архиепископ Тимотеј.
Новиот поглавар на Критската Православна Црква е роден во 1933 година. Се школуваше на црковниот факултет на островот Крит, семинаријата во Халки (Цариград) и Ворминстерскиот колеџ на Свети Бонифациј во Англија. Службата најпрвин ја започна во Бристол, во парохија на Цариградската Патријаршија, а потоа служеше на островот Крит, кадешто управуваше со црковниот факултет. Хиротонисан е за епископ во 1975 година.
Извор: patriarchia.ru