Во почетокот на 2007 можна средба меѓу поглаварот на Грчката Црква и римскиот Папа
 
 
 
 
 

Во почетокот на 2007 можна средба меѓу поглаварот на Грчката Црква и римскиот Папа (28.09.2006)

Блажениот Архиепископ Атински и Грчки Христодул, поглавар на Грчката Православна Црква, ќе го посети Ватикан, кадешто ќе се сретне со римскиот папа Бенедикт XVI, соопшти во саботата атинскиот весник „Имерисија“. Во октомври 2004 година Архиепископот Христодул планираше да го посети претходникот на Бенедикт XVI, папата Јован Павле II, но Синодот на Грчката Црква се изјасни против тој чекор. Господин Христодул беше повторно поканет во Ватикан од страна на претставник на папата во есента 2005 година. Инаку, папата Бенедикт XVI во ноември оваа година планира да го посети Истанбул и да се сретне со друг поглавар на помесна Православна Црква, со Цариградскиот патријарх Вартоломеј.

 

Извор: Patriarhia.ru