Меѓународната средба на политички партии во Москва повикува кон обединување на православните народи (28.09.2006)
Меѓународната средба на политички партии од православните земји заврши во петокот во Москва
Лидерите на девет партии од Русија, Бугарија, Приднестровјето, Украина, Романија и Србија потпишаа заедничко соопштение, во кое упатија повик за единство меѓу православните народи и активно развивање на нивните меѓусебни врски. Во документот се повикува на конструктивен дијалог со исламската цивилизација и рамноправни односи со западната цивилизација, кои сепак не би смееле да го нарушат достоинството и самостојноста на православниот свет.
Извор: Interfaks