Во изборот за поглавар на Кипарската Црква засега води Митрополитот Лимасолски Атанасиј (28.09.2006)
На 26 септември 2006 година., во изборите за новиот претстојател на Кипарската Црква, според пресметката на гласовите во првата рунда, најдобри шанси за конечна победа има Митрополитот Лимасолски Атанасиј. Сега тој е пред двајцата други главни кандидати – Митрополитот на Кика Никифор и Митрополитот на Пафос Хризостом, кој ја врши должноста на престојател на Кипарската Црква.
Кипарската Црква е најголем сопственик на земја и активен учесник во внатрешната политика на Кипар.
Известува: Patriarhia.ru