Меѓународна научно-богословска конференција во Москва
 
 
 
 
 

Меѓународна научно-богословска конференција во Москва (28.09.2006)

Со благослов на Неговата Светост, рускиот патријарх Алексеј II од 1 до 4 октомври 2006 год. во Москва ќе се одржи меѓународна научно-богословска конференција „Русија – Атон: илјадагодишно духовно единство“, а по повод 450 години од упокоението на Преподобен Максим Грк.

Претстојната конференција треба да даде придонес во осмислувањето на  многувековната историја на заемните односи меѓу Света Гора и Руската Православна Црква, на нивните разнообразни и плодотворни врски што не биле прекинати ниту во најтешките историски периоди.

Иницијативата за конференцијата им припаѓа на два манастири, светогорскиот манастир Ватопед и рускиот Валаамски манастир, кои и денес одржуваат врска меѓу Русија и Света Гора.

Во 2006 год. се одбележуваат два значајни јубилеја: 450 години од упокоението на преподобен Максим Грк и 10 години од откривањето на неговите мошти. Затоа и работата на претстојната конференција ќе вклучи и осмислување на просветителското и духовно наследство на овој Светител. Особено внимание исто така ќе биде посветено и на изучувањето на традициите на современото светогорско монаштво.

Во работата на конференцијата ќе земат учество многубројни гости од странство, како на пример официјална делегација на Цариградската патријаршија, претставници на Света Гора, познати историчари и историчари на уметност.

 

Известува: Patriarhia.ru