Во Романија чествувана 600-годишнината од раѓањето на свети Никодим Прилепско-Тисмански (28.09.2006)
На 26 септември 2006 година, во манастирот Тисмана беше чествуван споменот на свети Никодим Прилепско-Тисмански и беа одбележани 600 години од неговото раѓање. Во настанот учествуваа патријархот Теоктист, архиереи од Светиот Синод на Романската Православна Црква и Архиепископот на Тирана, Дуресул и цела Албанија, Анастасиј. Поклониците кои пристигнаа од сите краеви на земјата трпеливо чекаа на ред да се помолат пред моштите на Светителот. Ктиторот на манастирите Водица, Тисмана, Висина, Прислоп, светиот Никодим, за верните останува единствен пример на духовен живот, заштитник на православната вера и основач на монаштвото во Романија.
Светителот е роден околу 1320 година во градот Прилеп. Во манастирот Хилендар се здобива со солидно образование и одлично познавање на грчкиот јазик. Бил ученик на свети Теодосиј Трновски и одржувал кореспонденција со светиот патријарх Ефтимиј. Во сочуваните писма можат да се прочитаат советите на патријархот Ефтимиј кон свети Никодим како да ги устрои на исихастички начин манастирите, да ги реши прашањата поврзани со борбата против богомилите и друго. Непознато е до кога останал на Атон, но примајќи го исихазмот тој се труди да основа слични заедници на Балканот. Основа манастир во Видинското царство, но по неговата опкупација од страна на Унгарците Светителот е прогонет во Влашка. Како исихаст и приврзаник на монашкиот живот, свети Никодим основа редица монашки обители по таа земја, од кои еден од најголемите манастири е Тисмана. Во Романија тој се смета за родоначелник на нивната оригинална литература. Никодим Прилепско-Тисмански е канонизиран во текот на 20-30-те години на 20 век. Споменот му се чествува на 26 декември.
Извор: Сrestinortodox.ro