Редовна средба на студентите од православните семинарии во САД
 
 
 
 
 

Редовна средба на студентите од православните семинарии во САД (29.09.2006)

На 22-23 септември повеќе од 70 студенти од четирите американски православни семинарии се собраа во семинаријата и манастирот на свети Тихон (Саут-Кенаан, Пенсилванија) на редовна средба на православното меѓусеминарско движење. Овие средби се одржуваат двапати годишно. Програмата на средбата соодветствуваше на целта на движењето: да се работи на зацврстување на врските меѓу воспитаниците на духовните училишта. Учесниците заедно се молеа во манастирската црква, учествуваа на работни заседанија и играа кошарка во семинарската спортска сала. Една од темите на заседанијата беше претстојната средба (во првата недела од октомври) на православните архиереи на Северна Америка, организирана од Постојаната Конференција на Канонските Православни Епископи во Америка (SCOBA). Покрај воспитаниците на семинаријата на свети Тихон, како домаќини на средбата, на собранието учествуваа и студенти од семинаријата на свети Владимир (Крествуд, Њујорк), Грчкото православно богословско училиште на Светиот Крст (Бруклин, Масачусетс) и семинаријата на Света Троица (Џорданвил, Њујорк).Учениците од семинаријата на свети Герман (Кодијак, Аљаска) не беа воможност да пристигнат на собранието. Православното меѓусеминарско движење е отворено за сите семинарии на Црквите-членки на SCOBA, а исто така и за други семинарии коишто можат да станат вонредни членки на истото. Движењето беше создадено во 60-тите години на минатиот век со цел да се зближат воспитаниците на канонските православни семинарии во САД и Канада, а е возобновено пред неколку години.

 

Известува: Patriarhia.ru