Турскиот премиер во заштита на вселенскиот статус на Цариградската Патријаршија (29.09.2006)
Премиерот на Владата на Република Турција Реџеп Таип Ердоган се застапи за правата на Царигардската Православна Црква. Одговарајќи на примедба на еден од парламентарците дека Цариградската Патријаршија ќе се “претвори во држава слична на Ватикан“, премиерот го изрази своето несогласување со таквото мислење. Подоцна, и пред членовите на партијата чиј претседател е, г-дин Ердоган повтори дека за неговата земја не е проблем „вселенскиот“ статус на Цариградската Патријаршија во Истанбул.
Турскиот весник „Хуриет“ ја пренесува изјавата на премиерот Ердоган: „Кога Фатих Султан Мехмед дојде во Истанбул, тој ѝ дозволи на Црквата да остане Вселенска, затоа што беше цврсто уверен во своето делување. Ние исто така си веруваме себеси.“
Известува: Patriarhia.ru