Средба Караманлис-Христодул
 
 
 
 
 

Средба Караманлис-Христодул (30.09.2006)

Премиерот Костас Караманлис вчера напладне оствари средба со Архиепископот Атински и Грчки Христодул во Максимовата палата. Министерот за образование Мариета Јанаку исто така присуствуваше на средбата, на којашто централно внимание им беше дадено на односите меѓу државата и Црквата како и на изградбата на синодската палата и атинската соборна црква. Архиепископот Христодул беше задоволен од позитивниот одговор на неговите барања од страна на премиерот и подвлече дека г-динот Караманлис има способност и волја за решавање на сите верски прашања. Двајцата челници исто така разговараа за учеството на Црквата во третата и четвртата CSF (Community Support Framework), давајќи ѝ централно внимание на социјалната дејност, што ги засега како Црквата така и грчкиот народ.

 

известува: Ert.gr