Во Чикаго отворен собирот на православните епископи на Северна Америка
 
 
 
 
 

Во Чикаго отворен собирот на православните епископи на Северна Америка (06.10.2006)

Од 3 октомври во Чикаго се одвива форумот на Постојаната конференција на канонските православни епископи во Америка (SCOBA). На отварањето со поздравно слово се обрати Архиепископот Димитриј, претстојател на Грчката Православна Архиепископија во Америка (Цариградска Патријаршија). Форумот, според Архиепископот Димитриј, е повикан да ги поткрепува братските врски, коишто ги поврзуваат канонските православни Цркви на Американскиот континент.

Како што соопштува официјалниот сајт на SCOBA, во работата на формуот учествува 31 архиереј од следните канонски јурисдикции на Православната Црква на Американскиот континент: Албанската православна епархија на Америка, Антиохиската православна архиепископија на Северна и Јужна Америка, Бугарската источна православна црква, Грчката православна архиепископија на Северна и Јужна Америка, Карпато-руската православна епархија во САД, Православната црква во Америка, Романската православна архиепископија во Америка и Канада, Српската Православна Црква во САД, Украинската Православна Црква во САД. На собирот исто така присуствуваше и Епископот Зарајски Меркуриј, кој управува со парохиите на Московската патријаршија во САД.

Меѓу основните теми на собирот се отварање на нови парохии, мисионерската дејност, привлекување на младината во храмовите, канонски прашања итн.

 

Извор: Patriarhia.ru