Министерката Бакојани се сретна со Ерусалимскиот патријарх Теофил
 
 
 
 
 

Министерката Бакојани се сретна со Ерусалимскиот патријарх Теофил (06.10.2006)

Грчкиот министер за надворешни работи, г-ѓа Дора Бакојани вчера имаше официјална средба со Ерусалимскиот патријарх Теофил во Министерството за надворешни работи во Атина. На средбата беа разгледани прашања во врска со мисијата и работата на Патријаршијата. Патријархот Теофил ѝ се заблагодари на министерката за поддршката што таа ја дава на Еруслаимската Патријаршија. На средбата беше присутен и подсекретарот за надворешни работи Теодор Касимис.

извор: Voice of Greece