Рим предаде честичка од моштите на Свети Георгиј на Бугарската Православна Црква
 
 
 
 
 

Рим предаде честичка од моштите на Свети Георгиј на Бугарската Православна Црква (10.10.2006)

Делегација предводена од Неговото Вископреосвештенство Русенскиот Митрополит Неофит на 4 октомври отпатува за Рим за да прими честичка од моштите на светиот Георгиј Победоносец, кој од 1992 година е покровител на бугарскиот подунавски град Русе.  

Митрополитот Неофит најпрвин ги однесе светињите во софискиот храм посветен на овој Светител. Свети Георгиј е многу почитуван од верните во Бугарија и се смета за покровител на болните и болниците.

Бугарскиот патријарх Максим, кој веќе неколку месеци се наоѓа на лекување во болницата „Лозенец“, беше прв кој се поклони на моштите. Длабоко трогнат, Неговата Светост Максим потоа изјави дека по чудотворната помош на светињите се чувствува целосно опоравен и дека неговата желба и молитва кон Бога е што поскоро да влезе во црква на Литургија. Наредниот ден, светињите беа однесени во Русе, кадешто на 14 октомври со свечена богослужба ќе бидат положени во месниот православен храм на свети Георгиј Победоносецот.

 

Известува: Pravoslavie.bg