За празникот на света Параскева десната рака на свети Нектариј Егински ќе биде донесена во Јаши (11.10.2006)
Моштите на свети Нектариј Егински ќе пристигнат во Јаши (Романија) вечерта на 12 октомври. Тие ќе бидат придружувани од делегација на Православната Црква во Грција предводена од Митрополитот на Идра, Спетсес и Егина, г. Ефрем како и од игуманијата Теодосија од Егинскиот манастир, кадешто се чуваат моштите на Светителот. Десницата на свети Нектариј ќе биде изложена најпрво во митрополитскиот соборен храм заедно со моштите на Света Параскева. Потоа, моштите на двајцата Светители ќе бидат изнесени надвор, пред храмот, за поклонение на илјадниците верни кои ќе пристигнат на празникот на света Параскева од цела Романија и од други земји. На празникот на света Параскева ќе бидат отслужени свечени богослужби, бдение, литија, елејосветување и Божествена Литургија. Божествената Литургија ќе биде отслужена од повеќе архиереи во соборната црква, а надвор од храмот ќе бидат поставени видео бимови за да можат мноштвото верни да ја следат Литургијата.
известува: www.crestinortodox.ro